Во Црна Гора 95 новозаразени од коронавирус, три лица починаа

Фото: EPA/ Boris Pejovic

Во Црна Гора во последните 24 часа од последиците на коронавирусот починаа уште три лица, додека од 614 лабораториски примероци потврдени се 95 нови случаи на зараза, соопштија од Институтот за јавно здравје.

Пријавени се и два случаи на опоравување од Подгорица, а вкупниот број на опоравени од 14 јуни е 72 лица, додека бројот на починати од почетокот на јуни порасна на 26.

Вкупниот број активни случаи во Црна Гора е 1.861. Во Подгорица активни се 724 случаи на зараза од коронавирус, во Рожај 239, Бијело Поље 177, Никшиќ 119, Беране 90, Будва 80, Котор 79, Бар 78 и Плевља 70.

Во Цетиње се активни 63 случаи на заболување од ковид-19, Херцег Нови 45, Тиват 38, Улцињ 18, Гусиње 17, Петница 11, Даниловград 7, во Тузи и Жабљак по два и во Андријевица и Колашин по еден.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот