Во Црна Гора 32 нови случаи на зараза од ковид-19

Фото: EPA/ Boris Pejovic

Во Црна Гора во последните 24 часа се потврдени 32 нови случаи на коронавирус, врз основа на 267 тестирани, соопшти Институтот за јавно здравје.

Најмногу случаи се забележани во Бијело Поље, седум.

Од последниот пресек немало пријавени смртни исходи, па вкупниот број на смртни случаи поврзани со ковид-19 од почетокот на јуни остана 75, а од почетокот на годината 84, пренесуваат Вијести.

Вкупниот број на активни случаи во Црна Гора моментално изнесува 903.

Од почетокот на годината регистрирани се 4.343 случаи на инфекција од новиот коронавирус.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот