Во босанските продавници масовно се крадат путер, чоколади и риба

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Путер, риба, Нутела се производите кои најчесто се крадат од полиците низ Босна и Херцеговина. Нема податоци колку се украдени, и каде завршуваат. Едно е јасно, за да се избегнат крадците, продавачите прикажуваат поскапи производи на „мало“ и зад стаклени површини.

„Ставаме путери во стаклени кутии, често по еден на полица. Ако решат да крадат, немаат што многу да украдат. Најмногу се крадат путер, чоколади, риби и поскапи производи“, изјави за Н1 БИХ, Жељка Тошиќ, раководител на прдодавница.

Но, невозможно е да се затвори сè и да се отстрани од полиците, поради што денес е незамисливо да има продавница без видео надзор. Сепак, крадците секогаш бараат начин.

„Мислам дека луѓето кои немаат што да јадат не крадат. Тоа се луѓето кои имаат. Кога ќе ги фатиме, обично знаат дека згрешиле. Не се бранат“, објасни Тошиќ. Некои од трговците прибегнуваат кон објавување видеа или слики од крадците во обид да ги спречат. Други се обидуваат да ги сокријат звучниците најдобро што можат.

Но, ситуацијата не е таква само во Босна и Херцеговина. На социјалните мрежи кружат решенија од други земји. Така на пример. во Велика Британија на путерот закачуваат звучник со жици, чоколадите ги ставаат во пластични кутии. Основните прехранбени производи, маслото, брашното, шеќерот, солта речиси никогаш не се мета на крадците Но, има поскапи козметички и хигиенски производи, како креми или млеко за тело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот