Во болниците од ковид-19 се лекуваат 1291 пациент, слободни кревети има

EPA-EFE
Медицински лица во Скопје / Фото: EPA-EFE / GEORGI LICOVSKI

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 821 пациент позитивeн и суспектен на коронавирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.

Од Министерството за здравство информираат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

-Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 64 болни, а во Куманово 109 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 111 пациенти, во Прилеп 104, во ковид центарот во Гостивар 45, а во Струга 32 болни. Во болницата во Струмица лежат 87 пацинети, во Кочани 26, во Кичево 18, Кавадарци 39, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот, се наведува во соопштението на Министерството.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1291 и има околу 170 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла.

И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство соопшти дека е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот