Во битолско за четири часа полицијата казни 69 возачи, возеле брзо, кај пијан возач измерени 2,61 промили алкохол

Санкционирани се 69 возачи за брзо возење на територијата на СВР Битола. Меѓу нив е и возач со измерени 2,61 промили алкохол, информираат попладнево од Секторот за односи со јавност и протокол при Министерството за внатрешни работи.

„Во периодот од 10 до 14 часот денеска на територијата на СВР Битола, спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи, кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани се 69 возачи. Од нив, 46 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 23 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“, се наведува во соопштението.

Од МВР нагласуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, пишува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот