Во Берово реализирана завршна активност од проектот „Патека на мирот”

Во Берово се организираше завршна активност од проектот „Патека на мирот”. Проектот, како што информираа од беровската гимназија „Ацо Русковски”, каде се реализираше активноста е финансиран од Регионалната канцеларија за младинска соработка.
-Денеска во општинското средно училиште „Ацо Русковски” ученици садеа дрвја, со што симболично ја градеа „Патеката на мирот”. Носители на проектот се: средно училиште од Корча, Албанија и две сестрински фондации од Њујорк и Тирана.  На ова му претходеа шест онлајн работилници, на кои учествуваа десет ученици од нашето училиште и исто толку ученици од Албанија и Косово, информираа од ОСУ „Ацо Русковски.
Заеднички теми во рамки на онлајн работилниците помеѓу учениците, како што додадоа од училиштето биле екологијата и заштитата на животната средина.
-Во рамки на овие онлајн работилници учениците имаа можност да се стекнат со многу нови знаења и да разменуваат искуства и да се запознаат меѓусебно преку ЗУМ апликацијата. Целта на овој проект е вмрежување на земјите од Западен Балкан, воспоставување комуникација, со акцент на младите, нивно поврзување и дружење, додадоа од ОСУ „Ацо Русковски”.
Во проектот освен Северна Македонија вклучени се и ученици од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово,  Србија и Црна Гора.  Преку истата организација, учениците од беровската гимназија „Ацо Русковски”, во партнерство со средни училишта  од  Гостивар, Црна Гора и Босна и Херцеговина, ќе бидат носители на проектот „Мирот почнува со насмевска” кој че се реализира во наредниот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот