Во Албанија започна вакцинацијата на новинарите, утре на ред се полицајците

Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Во Албанија попладнево почна вакцинацијата на новинарите и другите медиумски работници, како категорија која се наоѓа во најголема опасност од ковид-19.

Вакцинацијата се одвива врз основа на списоците доставени од редакциите, а продолжува секој ден по 15 часот.

– Попладнево почнавме со вакцинација на медиумските работници а од утре и со припадниците на полицијата. До сега имунизиран е целокупниот здравствен кадар и просветните работници, при крај е кај вработените во градинките а продолжуваме и со повозрасната популација од 70-годишна возраст, рече министерката за здравство Огерта Манастириу, која одблиску го следеше почетокот на вакцинацијата на новинарите.

Како последица од ковид-19 во Албанија починаа седум новинари.

Новинарката на Топ чанел Герта Попа вакцината ја прими во вести во живо.

Во студиото беше и Силва Бино, една од најпознатите албански епидемиолози и член на Комитетот на експерти за справување со пандемијата кажа дека вакцината е безбедна и оти е можно да се појават лесни нуспојави кои брзо минуваат.

– Процесот на вакцинација се одвива без никаков проблем. До сега имунизирани се околу 170.000 лица. Дневно вакцинираме по 19 илјади што е многу повеќе зашто планираме дневно по 10 илјади. Се оди според планот според приоритет. Не сме регистрирале несакани последици кај веќе вакцинираните, рече Бино.

Премиерот Еди Рама денеска објави на Фејсбук дека уште 23.000 дози вакцина Фајзер ќе пристигнат во земјата овој месец. Најави дека до јуни ќе бидат вакцинирани и туристичките работници и нагласи дека како што напредува вакцинацијата, така ќе се олеснува и туристичката сезона во Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот