ВМРО-НП: Сите работи што ги зборуваше Заев согласно најголем дел од книгите извадени од македонскиот Архив, се точни

Партијата му дава поддршка на Заев за „храброста со која зборувал за македонската историја“.

Сите работи што ги зборуваше премиерот Зоран Заев согласно со објективната историја и во согласност со најголем дел од книгите извадени од македонскиот Архив се точни, а тоа што многу од македонските граѓани се шокирани, само зборува колку македонското општество било индоктринирано, се истакнува во денешната реакција на партијата ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски, во врска со вчерашнто интервју на Заев за бугарската информативна агенција БГНЕС.

Партијата му дава поддршка на Заев за „храброста со која зборувал за македонската историја“.

Од ВМРО-НП сметаат дека, „за жал, она што македонската историографија требало да го отвори во изминатите три децении на демократија, сега еден политичар во функција на премиер радикално ни го соопштил“.

– Сите работи што ги зборуваше г. Заев согласно со објективната историја и во согласност со најголем дел од книгите извадени од македонскиот Архив се точни, а тоа што многу од македонските граѓани се шокирани, само зборува колку македонското општество било индоктринирано. Особено ме збунува фактот за острите тонови од страна на ВМРО-ДПМНЕ, партија што ја внесе идејата за пријателство со Бугарија и објективизирање на македонската историја во раните 90-ти години и ги направи најголемите чекори за приближување со таа држава, се наведува во соопштението од партијата на Љупчо Георгиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот