ВМРО-ДПМНЕ трошеше огромни пари за мерката „трето дете“, а немаше никаков ефект, вели Шкријељ

Пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ во емисијата „24 Анализа“ вечерва рече дека треба да се признае оти најмалку две децении во Македонија опаѓа наталитетот и населението старее.

„Тоа што работите се туркани под тепих, тоа што со години е избегнувано да се направи попис за да видиме каква е реалната состојбата во нашата држава е друго прашање“, рече Шкријељ, додавајќи дека уште во 2015 година Меѓународната организација за миграции излезе со статистика дека 20 проценти од нашето население е преселено и живее надвор од државата.

Шкријељ вели дека оваа ситација бара преиспитување и реорганизација во сите системи и тоа системот на социјална заштита, здравствениот систем, образованието, а пред се добра демографска политика.

„За мерката „трето дете“, во времето на ВМРО-ДПМНЕ се издвојувале огромни буџетски средства без ефект, наталитетот и покрај тие мерки од 13,3 проценти во 2001 паѓа на 11,1 отсто во 2016 година“, рече Шкријељ, додавајќи дека оваа мерка продолжи да постои, но онаму каде што е потребна – кај ранливите семејства.

Сите релевантни институции укажуваа дека мерките што значат добра демографска политика, се други мерки и тоа е токму она што го правиме изминатите години, со вложување во предучилишно образование, изградба на градинки, особено во рурални средини, фокусирани сме да обезбедиме еднакви можности за секое дете и секоја жена, истакна Шкрјељ, додавајќи дека изминатите години се изградени над 70 градинки.

Шкријељ додаде дека се вложува во економија на грижа, во развојот на социјалните услуги, кои обезбедуваат покавлитетен живот на повозрасното население од една страна, а од друга страна овозможуваат повеќе работни места за жените, затоа што економското јакнење на жените, обезбедување добри плати е еден од клучните фактори на она што значи добра демографска политика, како и фокусирање на неактивниот дел од населението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот