ВМРО-ДПМНЕ со реакција за домашниот притвор на Јанева: Доколку ја најдеа торбата Луј Витон и таа ќе ѝ ја дадеа

Фото Архива

ВМРО-ДПМНЕ испрати соопшение до јавноста во врска со одлуката на Апелациониот суд за куќниот притвор на Катица Јанева, во него се вели, дека доколку била пронајдена  торбата Луј Витон, сигурно и неа ќе и ја врателе, сосе илјадниците евра, но нема потреба бидејќи не ја ни бараа.

Нема подобар пример за функционирањето на Кацарска судството и Русковска обвинителството од начинот на кој што ја водат истрагата за случајот Рекет, реагиаат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Да не беше трагична, одлуката за ослободување на Катица Јанева од притвор ќе беше смешна. Од самиот старт првин негираа дека постои предмет, а Зоран Заев обвинуваше дека се било конструкција на еден суетен новинар и едно лице со поинаква сексуална определба. Бидејќи пред фактите и боговите молчат, Зоран Заев мораше да се согласи неговата Русковска да отвори истрага, но до последен момент ја бранеше Катица Јанева. Додека некои беа во притвор Катица Јанева си беше на плажа и ги губеше телефоните. После тоа следуваа изјави дека немало инволвирани функционери, па под притисок на јавноста мораше Фрики да биде процесуирана, откако и таа претходно ги изгуби двата телефони- е наведно во соопштението.

Повеќе од јасно, велат од ВМРО-ДПМНЕ, е дека сме сведоци на сценариото кога се реализираат спогодбите со инволвираните во аферата „Рекет“ само за да не ја откријат нивната врска со главата на октоподот Зоран Заев.

Ова не е правна држава, наведуваат оттаму, ова мора да се смени и ќе се смени откако криминалот и корупцијата ќе бидат поразени на 12-ти април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот