ВМРО-ДПМНЕ: Се бележат црни рекорди од ковид-19, Филипче мора да поднесе оставка

Министерот Венко Филипче мора што побрзо да даде оставка од функцијата за да се спасат што повеќе животи, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ од каде потсетуваат дека бројката на починати достигнати скоро 800 лица.

– Бројката на новозаразени во едно деноноќие надмина 20 проценти од тестираните. Се бележат црни рекори. Дали Филипче е свесен за ова? – Дали е свесен со што се соочуваат граѓаните?“, прашуваат од опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ забележуваат дека „ветените 16 монтажни болници со кои се пофали Филипче пред изборите на 10 јули, ги нема никаде“.

– Медицинскиот кадар со кој и онака се кубури земјава, почна да ги напуштаат јавните здравствени установи. За погрешните политики и катастрофалните последици Филипче мора да поднесе оставка, се вели во опозицискиот допис до јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот