ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го одби предлогот за бесплатни ковид-тестови, загрозувајќи животи на граѓани

Однародената власт сега станува и одлепена од реалноста уште повеќе. Среде епидемија во 2021 наместо повисок буџет за здравството, тие предвидуваат помалку средства за 5% во споредба со оваа година. Ама затоа непродуктивните трошоци, за мебел, за возила, шкампи, бурбони, торти, шампањи остануваат екстремно високи, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Дури Филипче и Заев кројат расипнички буџет, секој ден заболуваат илјадници граѓани, а десетици умираат од КОВИД вирусот, а тие абер немаат нешто да преземат. Последното деноноќие само починаа 29, а се заразија нови 1069 лица. Повторно црни биланси кои ја прават Македонија една од земјите рекордери во светот по смртност на милион жители, бидејќи досега изгубивме 1.792 сограѓани во епидемијата, стои во реакцијата на опозициската партија.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага амандмани на буџетот за 2021 со кои ќе се обезбедат средства за бесплатно тестирање на граѓаните и дополнителна набавка на 50 амбулантни возила за цела Македонија.

– Недозволиво е функционерите да може експресно и бесплатно да се тестираат и лекуваат, а народот да чека до денови тестирање, а со часови брза помош, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот