ВМРО-ДПМНЕ: До вакцина може да се дојде само со врски

Вакцинација Македонија Борис Трајковски
Вакцинација во вакциналниот пункт во СЦ „Борис Трајковски“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Наместо редовно вакцинирање главни се врските во вакцинирањето, повторно има недостаток на вакцини, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Венко Филипче вели дека вакцинацијата тече според планот. За Венко Филипче има и масовна вакцинација. Но, реалноста е друга.

Вакцини нема, има ревакцинација. Може да се најде и по некоја вакцина, ама само ако фатите врски. Замислете, Филипче направи да се фаќаат врски за да се прими вакцина.

Филипче ги излажа граѓаните, не им објасни дека треба еднаш да се пријават за вакцина на електронскиот систем, бидејќи доколку се пријават повеќе пати или ако се пријавиле во мај прашање е дали ќе дојдат на ред во септември.

И наместо стивнувањето на коронавирусот да се искористи за подготовка или да се спречи или барем да има евентуално поблаг четврти бран на корона на есен, Филипче не прави ништо. А, ова може да го постигне многу едноставно, да набави вакцини, граѓаните да стекнат имунитет до есен. Ама набавка на вакцини нема, вакцинација нема, има ревакцинација.

Филипче заборави на провизиите, набави вакцини и заштити ги граѓаните, стои во нивното соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот