ВМРО-ДПМНЕ: Царовска не сака да види дека учениците и родителите се против укинувањето на учебниците

Мила Царовска
Мила Царовска / Фото: Министерство за образование и наука

Арогантната и тврдоглава министерка за образование и наука, Мила Царовска продолжува со самоволието и по протестот на родители, наставници и ученици. Мила Царовска не гледа дека и се случува силен револт против реформите во образованието.

Мила Царовска не сака да согледа дека јавноста е особено против укинувањето на печатените учебници и промовирање на елитистички приод со само дигиталните изданија на учебници и онлајн настава.

Царовска е упорна во ширење полувистини дека учебници ќе има, но не кажува дека ако се донесе законот, тие ќе бидат само дигитални и недостапни за сите ученици.

Царовска сѐ уште ја крие вистинската причина за ваков чекор незабележан до сега во Европа.

Царовска упорно тврди дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад протестите и не дозволува модерни реформи во образованието.

ВМРО-ДПМНЕ упорно ѝ предочува дека не е против модернизација и дигитални учебници, но и предочуваме дека за учениците бараме и печатени учебници и настава со физичко присуство, затоа што нејзините лажни вести со успешноста на онлајн наставата станаа јасно видливи.

Да, ги подржуваме барањата на родителите, наставниците и учениците и сме против избрзани, необмислени и натурени реформи.

Нема да дозволиме експеримент над деца и нема да дозволиме насилно наметнување на несоодветни промени за постоечката инфраструктура.

ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на експерименти над децата!

ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на дискриминација на учениците!

ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на укинување на бесплатното образование!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот