ВМФЛ: Победи на фаворите Пелистер, Беса и Детонит

Фото: ФК Пелистер

Покрај натпреварот од ПМФЛ помеѓу Работнички и Струга Трим, Лум денеска на македонските терени се играа и второлигашот. Фаворитите Пелистер, Беса и Детоните јуниор не дозволија изненадувања и славеа победи.

Пелистер славеше убедлива победа од 4:1 против Караороман, откако во првиот дел голови постигнаа Михаил Талевски и Благоја Љамчевски.Во вториот дел Талевски погоди по вторпат, а во листата на стрелци се запиша и Стефан Костов.

Беса ја оправда фаворитската улога со победа против Кожуф од 2:0, додека Детонит со истиот резултат го совлада Тетекс.

Важни три бода освои Скопје кој го победи Охрид со 3:0, додека Вардар Неготино и Арсими ремизираа без голови. Немаше победник и на натпреварите Новаци – Победа (2:2) и Беласица – Осогово (1:1). Минимален триумф запиша Каменица Саса со Башкими 1:0.

На табелата Беса е прва со 54 бодови, Пелистер има 48, додека Детонит е трет со 45.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот