ВМФЛ: Беса и Пелистер со минимални победи чекорат кон првата лига

Фото: KF BESA

Двете првопласирани екипи во Втората македонска лига, Беса и Пелистер забележаа нови победи во денешните натпревари од 23. коло.

Беса беше подобра од Вардар Неготино со 1:0. Одлучувачкиот момент се случи во 70. минута кога Изаир Емини го постигна единствениот гол на средбата.

Победа со истиот резултат забележа и Пелистер на гости кај Скопје. Човек на одлука од редовите на битолскиот состав беше Михаил Талевски.

Третопласираниот Детонит ремизираше со победа 1:1. Со голот на Давид Дебрешлиоски Победа поведе, а Иван Настевски се погрижи за конечни 1:1.

На табелата Беса е лидер со 60 бодови, шест помалку има Пелистер, додека Детонит на третата има 46.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Арсими – Охрид 0-0
Караорман – Тетекс 1-4
Каменица Саса – Осогово 2-1
Кожув – Башкими 2-0
Новаци – Беласица 1-3

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот