Владата побарала одлагање на МИСЛЕЊЕТО на Венецијанската комисија

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Премиерот Зоран Заев потврди дека Владата побарала одложување на конечното мислење на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците, за да имаат време да ги анализираат забелешките на Комисијата изнесени во драфт верзијата и да одговорат на нив. Во секој случај, рече, конечниот став и мислење на Комисијата може да се очекува до крајот на годината и Владата се обрзува дека ќе го примени.

– Владата тоа го побара заради времето потребно да ги изанализираме нивните аргументации и да ги дадеме нашите ставови и рековме ќе го чекаме конечното мислење. Ние информиравме дека драфт верзијата е доставена до нас, ни треба време да ги видиме анализите, зашто Венецијанската комисија своите ставови ги поткрепува со аргументации, европски правила и норми и европска пракса, но исто така го анализира нашиот систем што може капацитетно да носи. Така што мерењето на добивањето на правда наспроти правото на употреба на јазикот, ако го загрози она првото тогаш прашање е дали им треба на граѓаните, рече Заев.

Ние, додаде Заев, ќе направиме анализи дали имаме доволен капацитет и ќе ги дадеме веднаш одговорите. Премиерот очекува дека до крајот на годината ќе дојде и конечното мислење.

– Наш став на сите во Владата е кога ќе пристигне конечното мислење, тоа да се применува заради тоа што сакаме да бидеме членка на ЕУ, а Венецијанслата комисија најдобронамерно, правично и согласно европските вредности ги дава своите сугестии. Ние немаме проблем да бидеме авангардни да чекориме пред некои европски норми, но треба да имаме капацитет да го примениме, но, да не се доведеме во ситуација сакајќи да примениме одредно човечко право, да не загрозиме право на правда, рече Заев.

Прес-службата на Венецијанската комисија синоќа информира дека на барање на македонската Влада е одложено мислењето за Законот за употреба на јазиците, за кое требаше да се расправа на на 120-та пленарна сесија закажана за 11 и 12 октомври во Венеција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот