Владата ќе потроши 783.000 евра за цвеќиња: НА ТЕНДЕРОТ СЕ ЈАВИЛ САМО ЕДЕН ПОНУДУВАЧ

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија на 17.06.2019 распиша тендер за одржување и уредување на зелени површини во Владата, резиденцијалните објекти и органите на државната управа,

Според објавата на Електронскиот систем за Јавни набавки склучен е договор со друштвото за производство, трговија и услуги „Триста-груп“ ДООЕЛ Скопје, компанија која единствена поднела понуда за овој тендер.

Во објавата стои дека вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 48.158.254 денари или околу 783.000 евра.

Инаку, за потсетување пред точно една година Владата распиша тендер за купување цвеќиња во вредност од 670 илјади евра за хортикултурно одржување и уредување на објектите на државната управа.

Во тогашниот оглас на Службата за општи и заеднички работи, објавен на Бирото за јавни набавки, Владата бараше целосно одржување на садниците и обновување, технички кадар, минимални типови на опрема, материјални средства на одржување.

Тогашните услови за кандидатите што ќе се пријават на огласот е да имаат минимум 7 милиони денари вкупни приходи во последните три години (2015, 2016 и 2017 година), а како главен критериум за доделување на договорот беше најниската цена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот