Владата ја продолжи работата на „ТЕ-ТО” со полна моќност до 15 април

Фото: МИА

Владата на денешната седница донесе одлука за продолжување на мерката со која дополнителните количини на електрична енергија во износ од 160 мегавати ќе се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО” АД Скопје, информираат од Прес-службата на Владата.

Оттаму додаваат дека „ТЕ-ТО” АД Скопје, ќе работи седум дена во неделата во периодот од 00:00 до 24:00 часот со полна моќност, во периодот од 1 април 2022 година до 15 април 2022 година.

– Согласно оваа мерка, АД „Електрани на Северна Македонија” – Скопје ќе ја откупува целокупната произведена електричната енергија на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО” АД Скопје, согласно правата и обврските меѓусебно утврдени со склучен Договор за купопродажба на електричната енергија, велат од Влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот