Владата го усвои полугодишниот Извештај за извршување на Буџетот

Владата денеска го разгледа и усвои Извештајот за извршувањето на Буџетот на Република Северна Македонија во периодот јануари – јуни 2020 година. Вкупните буџетски приходи во тој период се реализирани во износ од 87.437 милиони денари, што претставува 44,4 отсто од планираниот износ за 2020 година, а вкупните расходи се реализирани во износ од 113.387 милиони денари, или 46,7 проценти од годишниот план.

Како што информираат од владината прес-служба, во полугодишниот извештај за извршување на Буџетот кој е реализиран во услови на пандемијата од КОВИД-19 и во вонредна состојба, во резимето се констатира дека бруто-домашниот производ во првиот квартал од 2020 година забележа годишен раст од 0,2 отсто на реална основа, при позитивен придонес врз растот на домашната побарувачка и негативен придонес на нето-извозот, во услови на пад и на извозот и на увозот.

Прочитајте и...  Манчевски не е повеќе пратеник, си поднесе оставка

Согласно извештајот бројот на вработени во првиот квартал во 2020 година е повисок за 2,7 отсто во однос на истиот квартал во 2019 година, а бројот на невработени се намали за 8,6 отсто, што резултираше со намалување на стапката на невработеност на 16,2 отсто.

Во резимето на Извештајот за извршувањето на Буџетот на Република Северна Македонија во периодот јануари – јуни годинава е регистрирано дека стапката на инфлација во првото полугодие од 2020. изнесува 0,5 отсто, што е главно резултат на зголемените цени на храната за 1,7 отсто при намалување на цените на енергенсите.

Според извештајот, во периодот јануари-јуни годинава остварен е дефицит на Буџетот на Република Северна Македонија од 25.950 милиони денари, што претставува 3,8 проценти од проектираниот БДП за годинава, државниот долг на крајот на првиот квартал изнесува 41,8 отсто од БДП, додека јавниот долг претставува 50,7 отсто од БДП.

Прочитајте и...  Лидерите на коалициите „За иднината на Црна Гора“ги утврдуваат приоритетите на идната Влада!

Прочитај повеќе

Утре без вода дел од корисниците од општина Чаир

Слободен печат

Маричиќ – Тимоние: Франција е силен поддржувач за брз почеток на преговорите со ЕУ

Слободен печат

Кризата засега не влијае врз депозитите: Граѓаните не чепнале по заштедите, ама бараат повеќе кредити

Весна Дамчевска

Пановски: Податоците да не се кријат, има начини како да се намали смртноста од ковид-19

Зонско паркирање во Карпош нема и цела година по маалскиот референдум

Нов протест утре на ВМРО-ДПМНЕ против неправда, реваншизам и насилство

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Германски ковид- 19 екперти доаѓаат во Косово

Илинка Иљоска

Проект за европска железничка мрежа: Ќе се обнови „Транс-Јуроп Експрес“ со супербрзи и ноќни возови

Слободен печат

Бектеши: Четвртиот сет на економски мерки ќе бидат потаргетирани

Слободен печат

Прекината седницата за избор на заменици министри, се чека Извештај од ДИК

Слободен печат

На полноќ завршува јавниот повик за субвенции за инвертер клими, досега 4.060 пријави

Слободен печат

Обвинение против скопјанец кој пред малолетните деца ја тепал сопругата со боксови