Владата го поздравува планот на Трамп за решавање на израелско-палестинскиот конфликт

Влада зграда
Фото: Архива на „Слободен печат“

Република Северна Македонија ги поздравува екстензивните напори на САД под лидерство на претседателот Трамп, рефлектирани во неговиот план за решавање на израелско – палестинскиот конфликт, стои во соопштението на Владата на РСМ.

Статус квото не е одржливо; изразуваме надеж дека преку преговори ќе може да се дојде до долгопосакуваното решение за две држави, базирано на визијата за мир на Блискиот Исток.

Ги повикуваме лидерите на Израелците и на Палестинците да го искористат овој моментум и да демонстрираат јасна посветеност за постигнување на решение по пат на преговори за овој долготраен конфликт.

Северна Македонија се залага за постигнување на траен мир и стабилност на Блискиот Исток: одржливо и фер решение на конфликтот, кое ги почитува легитимните интереси на двете страни и кое ги зема предвид релевантните резолуции на Обединетите Нации, завршуваат со соопштението од Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот