Владата денеска ќе го разгледува разрешувањето на Димова, Заев ќе го поддржи предлогот

Фото: Фејсбук

На денешната владина седница е најавено дека ќе биде разгледан и предлогот за разрешување на директорката на Националната агенција за европски програми Лидија Димова.

Димова: Информацијата за грант на фризерница е замајување на јавноста, фотографиите се монтажа

Според премиерот Зоран Заев, има доволно аргументи за таа да биде разрешена од етички причини.

– Лично јас, тој предлог ќе го поддржам, односно доколку Владата се согласи, ќе дадеме сугестии до Управниот одбор да постапи заради етички дел. Другиот дел е нешто што го работат други институции, а тоа е за евентуална кривична одговорност за незаконско работење. Има доволен етички дел каде што треба да се понесе одговорност и се согласувам дека Владата треба да реагира за вакви прашања, нагласи Заев.

Димова: И претходно сме давале европски пари на други фризерски салони

Димова: Нема да дадам оставка додека не се открие каде се проневерени 2.2 милиони евра европски пари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот