Владата бара вработените во администрација да станат попишувачи

Илустрација: Администрација / Фото: Архива на „Слободен печат“

Владата донесе одлука со која ги задолжува сите министерства и органите на државната управа да ги разгледаат можностите за потребите на пописот да ги стават на располагање на Државниот завод за статистика времено вработените во овие институции, и истото им го препорача на единиците на локалната самоуправа и на институциите под нивна надлежност.

Оваа одлука доаѓа откако  надлежните апелираа граѓаните да се пријават како попишувачи, посебно во реоните каде што има дефицит. Најголем недостиг на попишувачи има во скопските општини како и во општините со мнозинско албанско население.

Јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите трае уште денеска. Сите заинтересирани кандидати за реонски попишувачи можат да се пријават на онлајн апликацијата достапна на www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk.

Конкурсот беше отворен на 20 јули, но потоа беше продолжен до 25 август.

Попишувачите за 25 дена анкетирање ќе можат да земат од 25 000 до 45 000 денари, но сепак постои слаб одзив кај граѓаните.Обемната статистичка операција треба да започне на 5 септември и да трае до крајот на месецот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот