Влада: Бугарија не бара менување на Уставот, Владата секогаш ќе ги јакне правата на сите

Фото Слободен печат/ Драган Митрески

Бугарија не побарала да се промени македонскиот Устав, велат од Владата. На прашањето кој е ставот на Владата на предлогот на министерот за надворешни работи Бујар Османи Бугарите да се стават во Уставот за да нема дилеми дека се почитуваат правата на сите малцинства од Владата велат дека С Македонија е граѓанска држава и нашиот Устав ги гарантира правата на сите граѓани без оглед на нивната етничка припадност.

– Етничката разноликост е тоа што ја прави земјава препознатлива во светот и со што треба сите да се гордееме. Владата секогаш ќе презема проактивни активности кои се во функција на јакнење на правата на секој поединец или група. Досега во преговорите со Република Бугарија не е разговарано бугарската етничка заедница да биде вметната во нашиот Устав и нема такво барање од бугарските власти – велат од Владата за „Слободен печат“.

Министерот Османи денеска рече дека иако никој не побарал, тој предлага Бугарите да се стават во Преамбулата на Уставот за да не може некој да прави кампања дека државата прави репресија на кој било граѓанин заради етничката припадност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот