Вимблдон ќе биде „казнет“ поради забраната на учество на Руси и Белоруси?!

EPA-EFE/NEIL HALL

Можно е АТП да го „казни“ организаторот на Вимблдон поради забраната за учество на Руси и Белоруси, со тоа што нема да доделува поени за постигнатите резултати на овој турнир

Годинашниов тениски турнир Вимблдон може да биде „казнет“ со тоа што нема да се доделуваат АТП поени за резултатите постигнати на овој настан. Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП) можеби ќе преземе тврди мерки како казна и нема да доделува поени за резултатите постигнати на Вимблдон, затоа што организаторот на овој турнир им забрани на руските и белоруските тенисери да учествуваат.

Ова важи и за другите турнири на трева на британска почва кои му претходат на грен-слемот Вимблдон.

Минатиот месец Ол Ингланд клубот, организаторот на Вимблдон, им забрани на руските и белоруските тенисери да учествуваат, поради војната во Украина. Овој потег предизвика критики и несогласување кај многу водечки имиња во тенисот. Поранешните шампиони на Вимблдон, Енди Мари, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал јасно ставија на знаење дека се против овие мерки.

Сега тие а и некои други тенисери ја „притискаат“ АТП да го казни Вимблдон со тоа што нема да доделува поени за постигнатите резултати на познатиот турнир.

На секој до грен-слем турнирите се доделуват најголем број бодови за АТП листата. Победниците во сингл добиваат по 2.000 поени. Иако Вимблдон е независен од сите други турнири организирани од АТП и ВТА, овие организации се задолжени за доделување поени за постигнатите резултати таму.

Во тек се преговори помеѓу организаторот на Вимблдон и АТП околу оваa ситуација. И женската асоцијација ВТА е со сличен став како и АТП во врска со недоделувањето поени на турнирите на трева што следуваат на Островот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот