Виљареал по вторпат оваа сезона го смени тренерот

Фото: EPA-EFE/ANDREU ESTEBAN

Шпанскиот фудбалски прволигаш, Виљареал по вторпат оваа сезона го смени тренерот.

Клубот објави дека е раскинат договорот со Пачета (50) кој пред само два месеци седна на клупата на местото на Кике Сетиен кој брзо доби отказ по лошиот старт на сезоната.

Виљареал во овој момент се наоѓа на 13. место на табелата во Примера со 12 бодови по 12 кола, а тимот утре му гостува на Атлетико Мадрид. Во натпреварот против „јорганџиите“ на клупата ќе биде Мигел Анхел Тена.

Се очекува по репрезентативната пауза за нов тренер на Виљареал да биде промовиран Марселињо кој го водеше тимот четири години од 2012 до 2016 година. Претходно оваа година тој ја напушти тренерската позиција во Марсеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот