ВИЛИЈАМ НЕ ГО НАПРАВИ ТОА: Откако стана татко, Хари ѝ оддаде почест и на лејди Ди

Фото Профимедиа

Можеби принцот Хари и Меган Маркл на многу начини ја прекршија кралската традиција и не се водеа според протокол, но на покојната принцеза Дијана ѝ оддадоа почит на начин на кој Вилијам и Кејт никогаш не се сетија.

Целосната изјава на Бакингемската палата гласи:

„Нејзиното височество војвотката од Сасекс роди син во 5.26 часот, тешок 3,26 килограми. Војводата од Сасекс беше присутен а породувањето. Кралицата, војводата од Единбург, принцот од Велс, војвотката од Корнвол, војводата и војвотката од Кембриџ, лејди Џејн Фелоус, лејди Сара Мекоркводејл и грофот Спенсер се воодушевени од веста. Мајката на војвотката, Дорија Рагланд, која е пресреќна за доаѓањето на својот прв внук, се наоѓа во Фрогмор Котиџ заедно со кралските височества. Нејзиното височество и бебето се добро.“

Со ова, Хари додаде подеднаква почит на семејството на својата покојна мајка, како и на семејството на татко му. За разлика од него, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон никогаш не ги спомнаа сестрите и братот на лејди Ди во објавите за раѓањата на нивните три деца.

 

Бонус видео:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот