ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Зајкова: Платформата „Секој е важен“ ја градевме заедно со граѓаните

Моника Зајкова / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Претседателката на ЛДП Моника Зајкова во интервју за „Слободен печат“ говореше за програмата на партијата со која ќе се бара довербата од граѓаните на претстојните избори.

Зајкова посочи дека во креирањето на платформата биле земени предвид сите забелешки на граѓаните со кои интензивно се комуницирало во претходниот период.

– „Секој е важен“ е платформа што ја изградивме од интензивните средби на терен со граѓаните. Голем дел од нивните забелешки се однесуваа и на секојдневното функционирање, но и во доменот на подобрување на образованието, владеење на правото, она што значи подобар здравствен систем, повеќе напредок во културата. Се она што беше нотирано низ разговор со граѓаните се наоѓа во таа на некој начин политичко граѓанска платформа „Секој е важен“ – порача Зајкова.

Таа додаде дека ЛДП останува на европскиот пат затоа што и мнозинството граѓани сакаат да станат дел од Европската унија.

Целото интервју можете да го гледате на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот