ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Инфлуенсерот Динев ги одбегнува опасните трендови на Тикток и ги блокира таквите профили

Александар Динев /Фото: Слободен печат/ Мете здравев

Тикток е социјална мрежа која му го смени животот на Александар Динев. Дваесетгодишното момче пред пет години започнал да се забавува на оваа социјална мрежа. Тој вели дека денес со преку 310.000 следбеници на неговиот профил, од овие забавни видеа заработува солидно. Според Динев, Тикток има многу добри страни и во никој случај не треба да се забрани, туку родителите треба повеќе да следат што гледаат нивните деца.

– Мене ме следи многу млада публика, дури и деца од по 8-10 години и родители. Ми се случило да забележам како некој мој следбеник објавува видео со некој популарен предизвик кој не е безбеден, во таков случај веднаш реагирам. Им коментирам дека не е во ред тоа да се прави. Не мора да се само предизвици, не ми се допаѓа и кога се шири говор на омраза, кога некој навредува некого и сл. Тоа воопшто не ми се допаѓа. И покрај тоа што секој има право на свое мислење, ако е лошо тогаш подобро е да си го задржат за себе. Не знаме низ што поминува другата страна, можеби се наоѓа во лоша ментална состојба кога ги добива тие недолични коментари и до каде ќе го одведе тоа, може да заврши трагично – вели Динев за „Слободен печат“.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Инфлуенсерот Динев ги одбегнува опасните трендови на Тикток и ги блокира таквите профили

 

Нашиот соговорник апелира до сите оние кои објавуваат содржини на Тикток тоа да го прават со забавни видеа или корисни видеа кои ќе му помогнат некому.

– Повикувам да се создаваат содржини кои ќе помагаат и ќе ги едуцираат корисниците или од забавен карактер кои во никој случај не би наштетиле никому. Јас се трудам моите видеа да бидат смешни и забавни. Апел и до оние кои не креираат содржина, но ја посетуваат социјалната мрежа како консументи да внимаваат што гледаат. Бидејќи потсвесно ни влијае тоа што го гледаме и станува дел од нашето секојдневие, се преточува во нашата реалност. Јас овие години многу работи научив преку Тикток, а воедно среќен сум и што благодарение на оваа платформа изградив кариера – вели Динев.

Целиот разговор погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот