ВИДЕОИНТЕРВЈУ | И атомската енергија е корисна, но ја употребуваат за уништување, исто е и со друштвените мрежи, вели психологот Јовановска Стојановска

Мирјана Јовановска Стојановска/Фото: Слободен печат/ Мете здравев

Ќе го забранат Тикток, па ќе се појави нешто друго, опасно и небезбедно за новите генерации, но само и само ако не се користи правилно, вели за „Слободен печат“ психологот Мирјана Јовановска Стојановска.

Бројни немили настани испливаа на социјалните мрежи, самоубиства во живо, опасни трендови кои стануваат вирални преку ноќ, а доведуваат до смрт, предизвици кои повикуваат на самоповредување и слично. Македонија не е заобиколена од популарните видеа кои се опасна играчка во виртуелниот свет, а каде младите се најчести посетители. Тикток редовно ниже нови предизвици кои неретко завршуваат со трагичен крај.

Неодамна тројца млади луѓе го загубија животот во кобна сообраќајна несреќа во Кичево, предизвикана од популарниот Тикток  тренд „ча-ча“. Во едното возило се снимале во живо на социјалната мрежа возејќи во обратна насока со огромна брзина, по што удриле во другото возило. Исходот е трагедија која зави неколку семејства во црно.

Во некои земји Тикток, веќе е забранет за употреба, Индија, Пакистан, Нигерија, Авганистан. Нашата соговорничка не го гледа решението во забраната за употреба на оваа социјална мрежа.

– И атомската енергија е корисна, но во исто време ја употребуваат за уништување, исто е и со друштвените мрежи. Интернетот е корисен, нешто што може на сите да ни користи, преку социјалните мрежи светот ни стана многу близок. Не треба да се лишуваме од тоа задоволство, туку ние возрасните треба да размислиме што треба да се направи за да се заштитиме од лошите предизвици кои ги нуди виртуелниот свет. Не сметам дека забраната е решение, бидејќи ако се забрани Тикток, ќе излезе нешто друго, оваа социјална мрежа не ја гледам како негативна, туку негативните последици од неа да ги доведеме до минимум – вели Јовановска Стојановска.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Инфлуенсерот Динев ги одбегнува опасните трендови на Тикток и ги блокира таквите профили

 

Според психологот Стојановска треба да им се помогне на родителите на кој начин да ги воспитуваат децата како да се однесуваат во социјалните мрежи.

– Знаете, како нас не воспитувале кога сме биле деца и како сме ги воспитувале ние нашите деца кога немаше социјални мрежи. Кога излегуваат од дома на што да внимаваат, со кого да не се дружат, да бидат претпазливи со непознати, да не посегнуваат по дрога, да избегнуваат такви друштва, да бидат посебно внимателни со алкохол итн. Така некако од прилика треба да изгледа и воспитувањето на децата во виртуелниот свет, со советување што да одбегнуваат – рече Јовановска Стојановска.

Целото интервју погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот