ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Бојан Стојаноски: На власт ќе дојде трета верзија на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од нова генерација на луѓе

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Мислам дека оваа трета верзија на ВМРО-ДПМНЕ, со нова генерација на луѓе што не биле инволвирани во претходните две верзии, со искуството на оние кои претходно си ја работеле својата работа соодветно, покажува дека може да постави нов стандард, вели Бојан Стојаноски, пратеник во македонското Собрание.

– Сметам дека граѓаните овој пат кон нас треба да бидат апсолутно неопростливи кон никаква грешка. Треба да очекуваат многу перформанси, да очекуваат политичари кои ќе си работат рабптата и за секоја грешка и за некоја празна флоскула во јавноста жестоко да бидеме казнети. Само на тој начин прво самата влада и институции ќе бидат подобри, а второ и доколку политичката партија едноставно не ги испорачува резултатите, соодветно на тоа треба да биде казнета, изјави Стојаноски при неговото гостување во утринската програма на Слободен печат.

Тој е сигурен дека ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари убедлива победа на претстојните претседателски и парламентарни избори, најавувајќи сигурна победа на Гордана Силјановска-Давкова во трката за претседател, како и 54 до 57 освоени пратенички места.

Целото интервју проследете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот