ВИДЕО | Заев за Н1: Медиумите во Македонија се критички настроени кон владата, треба да ги почитуваме новинарите и кога не боли

Често изложен на напади од нашите медиуми, телевизии и портали. Се трудам да учам од нив ако имам грешки, рече вечерва во интервју за емисијата Пресинг на српската телевизија Н1, премиерот Зоран Заев говорејќи за својата транспарентност и одговорност пред јавноста.

– Сите медиуми се критички настроени кон власта и требаат и нерви и енергија за да се истрпи. Од седум дена во неделата јас имам 5 обраќања и одговарам на новинарски прашања. На секакви прашања, од секаков тип  од лична природа и семејна до секаква. Верувам дека тоа е добро за слободата на изразувањето. Треба да ги почитуваме новинарите дури и кога не боли, иако тие се некогаш  помалку професионални.  Се трудам да учам од нив ако имам грешка. Но мислам дека учиме од нив, треба да се подобруваме. Треба да бидеме отпорни на нив. Некогаш поради нив паѓаат министри. Јас поради притисокот од новинарите во 2019 година си поднесов оставка, отидовме на предвремени парламентарни избори и поради неуспехот со чекорењето  кон Европската Унија, изјави искрено Заев.

Заев за Н1: Парламентарното мнозинство е стабилно, а опозицијата блокира важни економски закони

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот