Заев за Н1: Парламентарното мнозинство е стабилно, а опозицијата блокира важни економски закони

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју за српската телевизија Н1 се осврна на блокадата во работата на парламентот откако денеска поради тројца пратеници позитивни на ковид-19 се одложија собраниските седници.
-Во нашата земја има повеќе од 20 проценти Албанци, Срби, Роми, Власи.. Ги усовршуваме европските вредности. Парламентарното мнозинство е стабилно, имавме пратеници кои се болни од ковид, но опозицијата не сакаше да воведеме онлајн работа, за оние кои се позитивни или во изолација и поради тоа се случуваа одредени блокади. Жалосно е што опозицијата ги користи професионалните можности за да блокира одредени економски закони. Но и кај нив работите се разнишаа, така да верувам дека некои закони ќе бидат одблокирани. Секако ние сме мултиетнички стабилни и сме пример за другите земји, рече Заев во интервјуто за Н1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот