ВИДЕО | Вучиќ: Ковачевски во Атина многу силно, отворено и јавно реагираше против Курти, за тоа што го направи во Тетово

Вучиќ и Ковачевски / Фото Влада на РСМ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ по неформалната вечера во Атина изјави дека премиерот Димитар Ковачевски многу силно реагирал против Албин Курти за тоа што го направи во Тетово и тоа јавно.

Вучиќ им се извини на македонските граѓани за изјавата на српскиот министер за одбрана дека Македонија и Црна Гора и згрешиле на Србија со признавањето на Косово.

„Димитар Ковачевски многу силно реагираше против Албин Курти, поради она што го направи во Тетово, многу силно, јавно и отворено. Тука само сакам да ги замолам нашите официјални лица , и кога немаат намера да бидат повнимателни. И затоа, синоќа долго разговарав со г-д Ковачевски и му рекоав дека ако некој во Македонија се чувствува навреден поради било што, иако за тоа јас не мислам дека постои причина, нема проблем, јас им се извинувам на Македонците, нашите браќа, ние немаме никаков проблем со нив. Но тој зборуваше многу, многу остро зборуваше кон Курти пред сите, што многумина ги изненади,“ изјави Александар Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот