ВИДЕО | Во Подгорица нов протест на опозицијата: „Никогаш Црна Гора за каква што сонува Вучиќ“

Фото: Твитер

Во Подгорица вечерва се одржува третиот протест на опозицијата, предводен од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ, против Законот за претседател.

Протестот наречен „Нѐ има” започна во 18 часот пред зградата на црногорскиот Парламент.

Граѓаните собрани пред Собранието носат транспаренти на кои пишува: „Почни да се грижиш затоа што и тебе те засега”, „Не те даваме Црна Горо”, „Со овие луѓе ти немаш ништо, одамна те продадоа”, „Не има! Не го даваме Уставот! Сакаме избори!”.

На собирот присуствуваат потпретседателите на ДПС Јевто Ераковиќ и Абаз Диздаревиќ, како и генералниот секретар на партијата Александар Богдановиќ.

Насобраните, покрај црногорски знамиња, носат и знамиња на САД, ЕУ и Украина, пишува „Вијести”.

Тие бараат повлекување на, како што велат, „срамните измени на Законот за претседател”, кои, сметаат, претставуваат своевиден уставен удар.

Граѓанскиот активист Предраг Вушуровиќ изјави дека 35.000 луѓе ја потпишале петицијата за повлекување на Законот за претседател

„Никогаш Црна Гора за која сонува Вучиќ. Црна Гора застана“, рече Вушуровиќ и додаде дека сакаат стабилна Црна Гора, а не „спектакл на Дритан Абазовиќ“.

Исто така, бараат деблокирање на државните институции и распишување вонредни парламентарни избори,

И на 8 месецов илјадници демонстранти се собраа пред црногорскиот парламент барајќи повлекување на, како што тврдеа, неуставниот закон за претседател на Црна Гора и распишување вонредни парламентарни избори.

ВИДЕО: Илјадници приврзаници на Ѓукановиќ на улиците на Подгорица против „просрпските и проруските обиди за дестабилизација“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот