ВИДЕО: Вардар „на шкрги“ во Гостивар, риболовците бараат одговорност

Фото: Спортско риболовно друштво „Баш Вардар“ / Фејсбук / принтскрин

Најголемата македонска река не наликува на себе во првиот град низ кој поминува, Гостивар, покажуваат денешните снимки кои на социјалните мрежи ги објави риболовното друштво „Баш Вардар“.

На снимката се гледа како Вардар, кој извира во силен извор (вруток) само неколку километри од Гостивар, во градот речиси и да е целосно пресушен. Според „Баш Вардар“, оваа состојба е резултат на „целосното запирање на водата во реката“, алудирајќи на тоа дека водотеците од кои се напојува изворот на Вардар се запрени во повисоките планински предели, за производство на струја.

„Почитувани спортисти, еве дел од она како резултат на целосното запирање на водата во реката Вардар, како во времето на неандерталците, додека државните институции… опишете го вие со два збора… верувајте дека ќе одговараат пред законот!“ – пишува во објавата од риболовното друштво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот