ВИДЕО | Ужас во Колорадо: Десет лица убиени во пукотница во супермаркет, напаѓачот е уапсен

Фото: EPA-EFE/BRENDAN DAVIS

Во пукотница во супермаркет во округот Булдер, во сојузната држава Колорадо, синоќа загинаа десет лица, меѓу кои и еден полицаец.

Од полицијата јавија дека напаѓачот бил уапсен. Оттаму укажаа и дека осомничениот е ранет. Неколку видеа покажуваат како полицајци придружуваат маж со лисици на рацете без горна облека, а десната нога раскрварена.

Пукотницата се случила во полн супермаркет лоциран недалеку од Универзитетот Колумбија, каде обично родителите и студентите купуваат намирници, јави Њујорк тајмс.

Убиениот полицаец е 51- годишниот Ерик Tали, кој работел во службата од 2010 година и бил меѓу првите службеници кои одговориле на повикот.

Од лица присутни во објектот, кои го преживеале нападот, весникот дознава дека едно безживотно тело се наоѓало на улицата пред продавницата.

Истражителите работат на местото на настанот и ги утврдуваат мотивите на напаѓачот.

ВИДЕО I Полициска акција како на филм: Пукотница во супермаркет во Колорадо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот