ВИДЕО I Полициска акција како на филм: Пукотница во супермаркет во Колорадо

Фото: twitter

Во супермаркет во американската сојузна држава Колорадо во тек е пукотница, но засега е непознато дали има повредени, објави агенцијата АП.

Полицијата во Колорадо апелира до граѓаните да го избегнуваат тоа подрачје.

На снимките што се направени од воздух и споделени на социјалните мрежи, се гледа голем број на полициски службеници на лице место и најмалку шест возила на Итната медицинска помош, јавува „Си-Ен-Ен“.

Како што се наведува на една од нив, две лица лежат на паркингот и уште едно лице во продавница, се слуша глас кој вика дека е потребна итна помош и се слуша пукање.

На друга, пак, се гледа како полицајци изнесуваат од продавница маж со лисици на рацете, без маичка, со крв по ногата, меѓутоа е нејасно дали станува збор за напаѓачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот