ВИДЕО | Старо дрво падна врз автомобил во Карпош, било обележено за сечење и „заборавено“

Дрво падна врз паркиран автомобил на улицата Веселин Маслеша во Карпош 2. За среќа, не е повреден ниеден од минувачите.

Жителите раскажуваат дека станува збор за старо дрво кое било обележено за сечење, но надлежните служби тоа досега не го направиле.

Од 2020 година наваму има две пријави до „Паркови и зеленило“ за кои јас знам, но дрвото беше оставено така. И не е само тоа, тука сите дрвја покрај улицата и надолу покрај другите згради се стари и се распаѓаат – вели граѓанин кој за случајот реагираше во нашата редакцџија.

Во Скопје и во Општина Карпош речиси при секое невреме со посилен ветар паѓаат дрвја. Последниот случај беше во Карпош 3 кога гранка од дрво падна и повреди дете.

За состојбата на дрвјата во градот надлежно е ЈП „Паркови и зеленило“, но тие најчесто реагираат по пријава на граѓани.

Во таков случај, состојбата ја утврдува посебна Комисија со претставници од Секторот за комунални работи на Град Скопје и од претпријатието, кои излегуваат на терен и доколку дрвото е старо, заболено, искривено или пречи на подземната и надземната инфраструктура издаваат решение за сечење или кастрење.

За штетите предизвикани од паднати гранки и дрвја  одговорност има само доколку дрвото било обележено за сечење.

Доколку паднатото дрво било обележано за сечење, но од некоја причина не е исечено, само тогаш ЈП „Паркови и зеленило“ сноси одговорноста за предизвиканата штета. Во денешниов случај, како што тврдат граѓаните, дрвото било обележано, а од претпријатието ќе треба да објаснат зошто досега не било исечено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот