ВИДЕО | „Среќни празници“: Ентони Хопкинс танцува како момче на 84 години

Ентони Хопкинс / Фото: Скриншот/Инстаграм

Ентони Хопкинс, едно од најголемите актерски имиња во историјата на филмот, е доказ дека годините се само бројка.

Во својата најнова објава на социјалните мрежи, каде сѐ уште е многу активен, 84-годишниот Хопкинс им ги честиташе празниците на своите верни обожаватели со забавна видеоснимка на која танцува на песната „Dance Me to the End of Love“ на Леонард Коен.

„Роди се слободен. Биди слободен. Среќни празници“, напиша легендарниот актер Хопкинс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anthony Hopkins (@anthonyhopkins)

Неговиот танц има нешто повеќе од 500 илјади допаѓања и голем број позитивни коментари. Меѓу оние кои му одговорија на празничната честитка се и актерот Хју Џекмен и манекенката Наоми Кемпбел.

„Честит Божиќ Тони“, напиша Џекмен.

„Честит Божиќ господине Ентони Хопкинс, Вашата светлина свети силно. #Инспирација“, искоментира Кемпбел.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот