ВИДЕО | Србин откри како се разладува од горештините, неговиот одговор ги насмеа Балканците

Фото: Скриншот/ТикТок

Моментално, милиони луѓе ширум светот се соочуваат со „пеколни“ горештини и рекордно високи температури. Дел од здравствените препораки се да не се излегува надвор без потреба кога сончевите зраци се најсилни, да се носи полесна облека, да се пие повеќе вода и да се штити кожата со крема за заштита од сонцето.

Новинарската екипа на српската телевизија Нова излезе на улиците и ги праша локалците како се разладуваат во овие топли летни денови.

Еден од испитаниците даде навистина интересен одговор, во кој се препознаа многумина, а тоа видео веќе има над еден милион прегледи на платформата ТикТок.

„Како се разладувате?“, го праша новинарката, на што тој ѝ одговори: „Со пиво“.

„А, како ќе се разладувате кога ќе биде уште потопло, бидејќи тоа се најавува…“, го праша повторно новинарката на Нова.

„Тогаш ќе пиеме дупло повеќе пиво“, одговори човекот.

@tvnovas Kako se rashlađujete?🤣 #fyp #foryou #vrucina #viral #serbia #viralserbia #srbijatiktok #srbija #nova #balkantiktok ♬ original sound – Nova S

Што да јадете на пеколни горештини? Список на намирници кои го ладат телото и оние кои го загреваат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот