Што да јадете на пеколни горештини? Список на намирници кои го ладат телото и оние кои го загреваат

сончаница топлотен удар летни хорештини
фото: Профимедиа

Високите температури и топлотниот бран се исцрпувачки на многу начини, но и многу опасни за здравјето на човкот, а не е тајна дека исхраната може многу да придонесе за општата состојба на телото и духот. Експертите предупредуваат дека во текот на високи температури треба да се избегнува тешка и мрсна храна, како и шеќер, засладени газирани пијалаци и алкохол.

Кога, пак, станува збор за ајурведа, таа ја дели храната на топла и ладна врз основа на ефектот врз телото и се обидува да процени дали одредена намирница има ефект на ладење или загревање во нашето тело, што влијае на метаболизмот и варењето.

Зборувајќи за надворешната температура на храната, свежо зготвената храна може погрешно да се протолкува како топла храна, а сладоледот како ладна храна. Меѓутоа, во ајурведски термини, сладоледот всушност, зазема место во категоријата топла храна. Според ајурведа, не постои директна корелација помеѓу физичката температура на одредена намирница и нејзината внатрешна природа, пренесува „НДТВФуд“ (NDTVFood).

Топла храна:

1. Најчесто консумирана зачинета храна вклучува кромид, црн пипер, лук, ѓумбир и зачинета храна. Ајурведската исхрана ги избегнува овие состојки.

2. Огромна листа на зеленчук спаѓа во оваа категорија вклучувајќи компири, брокула, спанаќ и грав.

3. Во текот на зимската сезона, за да се загрее телото, се препорачува коренест зеленчук како моркови, ‘рдокви и слично.

4. Свежото овошје како јаболка, портокали и манго се, исто така, класифицирани како топла храна.

5. Зачините како сенф и хинг (асафетида) помагаат во олеснување од вообичаени заболувања како настинка и грип во зимската сезона. Тие спаѓаат во категоријата топла храна и помагаат за зајакнување на имунитетот.

6. Познато е дека билките како босилек, оригано и нане, исто така, загреваат.

Ладна храна:

1. Категоријата за ладна храна вклучува овошје како банани, јагоди, лубеници, киви и кајсии. Не е изненадувачки што тие се омилени во летото, поради нивната разладувачка природа.

2. Млечните производи како млекото и јогуртот, павлаката и сирењето, исто така, имаат ефект на разладување на телото.

3. Сите производи од соја, вклучувајќи млеко од соја и тофу, припаѓаат на оваа категорија.

4. Неколку топли пијалаци како зелен чај заземаат место во оваа категорија. Ладната храна помага во чистење на токсините и за возврат обезбедува смирувачки ефект врз телото.

5. Зеленчукот како што се печурките, доматите, аспарагусот, зелената салата и модриот патлиџан лесно се вари во летните месеци поради нивната инхерентна разладувачка природа.

– Природата на типот на телото нѐ насочува кон видот на храната што треба да ја јадеме. Во случај некој да консумира премногу топла храна, количината на топлина што телото ја произведува се зголемува. Исто така, предизвикува чувство на пецкање. Ова може да доведе до проблеми во дигестивниот систем, губење на подвижноста, осип на кожата, па дури и чиреви – вели ајурведскиот експерт БН Синха.

Но, не треба да претерувате ниту со ладните намирници.

– Одложеното варење и честите напади на грип, кашлица и треска може да бидат предизвикани од прекумерно консумирање ладни намирници – заклучил Синха.

 

Ако, пак, сакате веднаш да се разладите, експертите препорачуваат неколку пијалаци кои би можеле да ви помогнат во тоа.

1. Кокосова вода

Пиењето кокосова вода ќе ве разлади. Овој пијалак содржи многу витамини и минерали потребни за организмот кој се бори против топлината. Пиењето чаша кокосова вода дневно, особено во текот на летото, исто така ќе помогне во борбата против инфекциите, ќе ви овозможи повеќе енергија и рехидратација на телото и ќе ве лади во текот на целиот ден.

2. Вода со лимон

Водата со лимон е меѓу најдобрите пијалаци што го разладуваат телото и веднаш дејствуваат. Во ладна вода додадете малку шеќер и исцедете свеж лимон. Тоа веднаш ќе ве разлади, а наместо со шеќер, напивката засладете ја со мед.

3. Сурутка

Летен пијалак со инстант ефект на ладење е дефинитивно сурутката. Ако за појадок испиете чаша сурутка секој ден, тоа ќе ви помогне да ги поминете најтоплите денови без премногу мачење.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот