ВИДЕО: Специјалните сили РОСУ се обидоа да извадат Србин од автомобилот, реагираше КФОР

Иако утрото помина мирно на двата административни премини со Косово и Метохија, попладнево се случи инцидент на граниќниот премин Брњак во кој припадниците на косовските специјални полициски сили се обиделе насилно да извлечат возач од автомобил со КМ регистерски таблички.

Сепак беа спречени од патролата на КФОР која се нашла во моментот и која интервенирала и го спречила инцидентот, пренесува „Косово онлајн“.

Според непотврдени информации, полицијата побарала од државјанинот од српска националност да излезе од автомобилот и да му ја отстранат регистарската табличка КМ, што тој го одбил, поради што почнале да го извлекуваат од автомобилот.

Членовите на КФОР, кои ги следеа настаните на овие два премини претходните денови, реагираа и ја смирија ситуацијата, а Србите кои протестираат се собраа на местото на инцидентот. Според „Косово онлајн“, возачот успеал да избега на безбедно.


Денска е третиот ден откако Приштина ја воведе , како што ја нарекоа , реципроцитетната мерка , барајќи автомобилите кои влегуваат на Косово да не можат да ги користат српските регистарски таблички што ги имаат, туку мора да користат тест таблички кои имаат ознака РКС.

Припадниците на специјалните единици на РОСУ се стационирани на двете места со денови, се менуваат во одредени временски интервали, како и граѓаните, поточно Србите кои мирно протестираат.

На првиот ден од протестот, косовската полиција интервенираше со солзавец врз насобраните Срби на Брњак кои протестираа на оваа одлука на Приштина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот