ВИДЕО | Снуп Дог не бил протеран од Англија благодарение на кралицата

колаж снупдог кралица елизабета
Кралица Елизабета, Снуп Дог, Фото: ЕПА, Архива

Снуп Дог со години е близиот пријател со готвачката и претприемачка Марта Стјуарт, но се чини дека таа не е единствената дама со седи коси со која му оди добро на раперот. Тој откри дека кралицата спречила да биде протеран од Обединетото Кралство во 1994 година, инсистирајќи дека сите треба да ѝ се поклонат на 95-годишната Елизабета.

Раперот, вистинско име – Калвин Кордозар Бродус Џуниор – го раскажа инцидентот за време на неодамнешното интервју со диџејот Ву Кид.

снуп дог
Снуп Дог / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Тој зборуваше за насловна статија во британскиот весник објавена  за него во 1994 година: „Kick this evil bastard out“(Избркајте го ова злобно копиле). Во него, весникот ги повикува чуварите на законот да го исфрлат Снуп од Обединетото Кралство, каде што тој бил на турнеја во тоа време, поради обвиненијата за убиство од прв и втор степен со кои се соочувал.

Во 1993 година имало пукање во Лос Анџелес при што е убиен и човек, а раперот бил уапсен заедно со неговиот телохранител и обвинет за убиство од прв степен. Обвинението подоцна било отфрлено во 1996 година.

Кога биле упатени повиците да се врати на судењето во САД, во негова одбрана лично застанала кралицата Елизабета Втора.

„Овој човек нема направено ништо во нашата земја, може да дојде“, раскажа тој. „Кога кралицата зборува, поклонете се“.

Снуп Дог посочи дека принцовите Хари и Вилијам, кои би имале 9 и 12 години за време на скандалот, имале некаква врска со конечната одлука на кралицата.

„Тоа е бабата на Хари и Вилијам, разбирате? Мислите дека не ѝ велеле: „Бабо, те молам пушти го да дојде, бабо. Ја сакаме неговата музика. Многу ја сакам кралицата“.

ФОТО+ВИДЕО | Кралицата Елизабета Втора ја загрижи јавноста: Не можам да се движам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот