ВИДЕО | Шоу на Јокиќ по освоената титула: Сега ќе видам дали Ѓоковиќ ми честитал

Фото: Screenshot

Никола Јокиќ и Денвер се шампиони во НБА лигата и тоа само неколку дена откако Новак Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос, па така ова се фантастични денови за српскиот спорт.

Новинарите на прес-конференцијата на Јокиќ ги интересираше дали според него ова е најуспешната ера во српскиот спорт, а кога му го поставија тоа прашање тој направи мало шоу.

„Мора да биде! Сега ќе видам дали ми испратил порака…Ау…Не знам, човече…Многу пораки имам, ќе морам да го исклучам телефонот“, се пошегува Јокиќ.

Потоа Јокиќ беше сериозен и одговори на поставеното прашање.

„Знаете, спортот е нешто кое секогаш Србија ја ставало пред сите, дури и пред 10-20 години. Сега кога го имаме Ѓоковиќ кој е веројатно најдобриот во историјата…За нас секако е најголем, а сега имаме и освојувач на НБА прстен, па мислам дека сега е навистина добар момент да се биде Србин“, истакна српскиот кошаркар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот