ВИДЕО | Сексуално вознемирување: Професори од УКИМ на студентки им се обраќале со „злато“, „кукле“ и „маче“

Прес-конференција на студентите на УКИМ / Фото: Слободен печат - Виктор Вукановски

Сексуалното вознемирување не е ретка појава, но сензитивноста на темата, ниското ниво на свест и нормализирањето на проблемот го прави сексуалното вознемирување табу-тема чие решение не е доволно достапно.

Сексуалното вознемирување дефинирано како несакано внимание, физичко или вербално, врз жени и мажи се среќава во сите сфери на општеството, па оттука и на универзитетите.

Во ИТ хабот Нетавил во Скопје денеска беа презентирани наодите од истражувањето – „Перцепцијата и искуството на студент(к)ите при УКИМ со сексуално вознемирување”. Според одговорите, 21.3% од студентите изјавиле дека биле во ситуација професор\ка да им се обрати со прекар, како: „девојче“, „злато“, „кукле“, „маче“.

Дел од студентите биле сведоци на споделување сексуални шеги или шеги што се темелат врз родови стереотипи од страна на професор или професорка, а 15,6 отсто од студентите добиле коментар за нивниот физички изглед, по што се чувствувале непријатно и сексуализирано.  Една четвртина од испитаниците не биле свесни дека се случило сексуално вознемирување, а дури половина од нив сметаат дека УКИМ не ги штити студентите од тоа. Една петина од испитаниците одговориле дека се потребни санкции за вршителите на сексуачно вознемирување, покажува ова истражување.

Инаку, истражувањето е спроведено од студентите на Меѓународни интеркултурни студии во соработка со здружението Младински мировен хаб и Фондација Фридрих Еберт – Скопје.

Во истражувањето се опфатени над 300 студенти на факултетите на УКИМ, како и перцепции на професори на УКИМ.

Клучни наоди во истражувањето:

1. Еден од пет студенти (21.3 %) биле во ситуација професор/ка да им се обрати со прекар, како: „девојче”, „злато”, „кукле”, „маче”;

2. Дури 47.8 % од студентите одговориле дека биле во ситуација во која биле кажувани сексуални шеги или шеги што се темелат врз родови стереотипи од страна на колега/колешка;

3. Еден од четири студенти (26.2 %) биле сведоци на споделување сексуални шеги или шеги што се темелат врз родови стереотипи од страна на професор/ка;

4. На 15.6 % од студентите им било даден коментар за нивниот физички изглед, по што се чувствувале непријатно и сексуализирано;

5. Дури 88.5 % од анкетираните студенти не знаат каде може да пријават сексуално вознемирување што се случило на УКИМ, а приближно секој петти студент (18.44 %) не пријавил сексуално вознемирување бидеки не знаел каде може да го пријави;

6. Само 4.6 % од студентите одговориле дека пријавиле или знаат некој кој пријавил сексуално вознемирување;

7. Во однос на постапувањето од страна на институцијата во случајот на сексуално вознемирување, само во еден случај испитаникот искажал позитивна разврска на суд;

8. Повеќе од половина (51.8 %) од студентите одговориле дека УКИМ „не ги штити” и „воопшто не ги штити” студентите од сексуално вознемирување;

9. Дури 56.78 % од студентките сметаат дека УКИМ воопшто не нуди заштита од сексуално вознемируванье, наспроти 33.33 % од машките студенти;

10. 1/5 од студентите (21.9 %) одговориле дека се потребни санкции за вршителите на сексуално вознемирување.

Изјавите од студентите проследете ги во следното видео:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот