ВИДЕО: Се претера со славјето во Денвер, со лименка погодена сопругата на Јокиќ

фото: EPA-EFE/BOB PEARSON

Денвер нагетс за првпат во својата историја ја освои титулата во најсилната кошаркарска лига на светот, НБА.

Еден од најзаслужните за историскиот успех на Нагетси беше српскиот интернационалец Никола Јокиќ.

Над 100.000 навивачи го пречекаа тимот предводен од тренерот Мајк Мелоун во славеничката парада во Денвер, Колорадо.

Имаше доста алкохол на улиците на Денвер, а Мелоун ја опсипуваше публиката со шампањ.

Се случи и инцидент на шампионската прослава, сопругата на Јокиќ, Наталија, беше погодена со лименка пиво во главата, по што направи болна гримаса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот