ВИДЕО | Сака да се сели во Србија: Џони Деп разнежнет по чинот на Александар Вучиќ

Џони Деп и Александар Вучиќ
Актерот Џони Деп и претседателот на Србија, Александар Вучиќ / Фото: Инстаграм, Александар Вучиќ

Холивудскиот актер Џони Деп денеска беше одликуван со Златен медал за заслуги на Република Србија, за неговиот исклучителен придонес во областа на културата. Тој го доби овој медал по повод Денот на државноста, а лично му го врачи српскиот претседател, Александар Вучиќ, пренесоа српските медиуми.

По врачувањето на медалот, Деп им се обрати на присутните и длабоко се заблагодари за укажаната чест.

– Ова е навистина несекојдневен момент за мене и многу сум горд. Почитуван господине претседателе, народе на Република Србија, уметници, продуценти. Пред многу години бев благословен кога запознав еден необичен човек. Штом го видов, знаев дека не припаѓа во Холивуд. Неговото име е Емир Кустурица. Кустурица ми стана брат, неговото семејство стана мое, ги гледав неговите деца како растат. Тоа беше врска што ја создадовме од првиот ден кога се запознавме. Кога те сака, тој навистина те сака, а кога не те сака, навистина не те сака, вака Деп го почна својот говор.

– Тоа што е навистина прекрасно овде е дека луѓето го користат секој момент, суштината е да се прослави моментот. Овде со Емир снимивме филм со екипа која беше спектакуларна, со екипа која во ниту еден момент не беше уморна, иако беше исцрпена. Верувам дека има многу таленти што ќе ги најдеме овде и се надевам дека ќе бидам дел од тоа. Многу ви благодарам. Навистина сакам да ви се заблагодарам Вам, претседателе Вучиќ. Драго ми е што ми го дадовте овој медал за заслуги. Ќе останам достоен и ќе направам сѐ што е во моја моќ овој медал да биде олицетворение на моите обврски овде. Овде имам страст за сѐ – ќебапи, некој ми кажа нешто за ракија од слива, но не сум имал шанса да пробам.

Актерот понатаму во својот говор нагласи дека од Србија добивал само подароци.

– Овде не добив ништо освен подароци. Емир ми подари сосема нов живот. Сега сум на почеток на еден нов живот и ми се допаѓа овој почеток. Би сакал тој почеток да биде во Србија, ако ме сакате, се разбира, истакна тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by n1srbija (@n1srbija)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот