ВИДЕО | Руски трупи копале ровови во радиоактивно затруената почва во Чернобил

Фото : Tвитер

Руските трупи при неодамнешното повлекување од областа на нуклеарната централа Чернобил во Украина, многу веројатно поминале низ пределот наречен „Црвена шума“ кој има радиоактивно затруена почва и при тоа подигнале радиоактивна прашина.

На социјалните мрежи се појави видео во кое се гледа како руски сили копаат ровови во т.н. зона на исклучување во Чернобил. Станува збор за појас кој се протега на 30 километри околу нуклеарната централа во кој има високо ниво на радиоактивна прашина .

Видеото го сподели и Натан Русер, аналитичар во Австралискиот институт за стратешка политика.

„Овие ровови беа ископани од руските сили за време на инвазијата на најозрачените области на Чернобил. Не е ни чудо што некои се разболеа – напиша Натан.

Инаку кон крајот на март, вработен во украинската агенција за управување т.н. зоните на исклучување, како онаа во Чернобил, објавија на Фејсбук дека некои војници биле пренесени во специјална медицинска установа со акутна радијациона болест. „Гардијан“ тогаш објави дека оваа информација не е потврдена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот