ВИДЕО| Русија за втората експлозија на Крим во последниве 7 дена: „Таа е резултат на саботажа“

принтскрин Твитер

Русија призна дека детонирањето на муниција во воено складиште во регионот Џанкој на Крим било резултат на саботажа. Руското Министерство за одбрана соопшти дека е причинета штета на цивилни објекти, вклучително и далноводи, електрани, железници и станбени згради, но дека никој не е сериозно повреден во инцидентот.

Се преземаат неопходни мерки за отстранување на последиците од саботажа“, се наведува во соопштението.

Оштетена пруга на Крим.

Како последица на експлозијата на магацинот за муниција на Крим, две лица беа повредени, а прекинт бепе и железничкиот сообраќај, изјави рускиот функционер Сергеј Аксјонов. Според извештаите, оштетена е железничката линија кон и на територијата на Крим.

Сергеј Аксјонов, административниот шеф на полуостровот, кој беше анектиран од Русија во 2014 година, рече дека возовите од Краснодарската територија ќе одат само до селото Владиславовка во близина на градот Феодосија, пренесува Би-Би-Си.

Патниците потоа можат да влезат во автобусот и да бидат превезени до најблиската автобуска станица, рече тој.

Официјален Киев за експлозиите на Крим

 

Украина официјално не ја потврди или негираше одговорноста за пријавените експлозии на Крим.

Сепак, советникот на украинскиот претседател, Михаило Подољак, по денешните експлозии твитна дека постои „висок ризик од смрт за напаѓачите и крадците“ во областа под руска окупација.

„Утрото на Џанкој започна со експлозии. Потсетување: Крим на нормална земја е за Црното Море, рекреација и туризам, а Крим окупиран од Русите е за експлозии во магацини и висок ризик од смрт за напаѓачите и крадците. Демилитаризација во акција“, напиша Подољак.

Крим беше припоен кон Русија во 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот